| четврток, 6 декември 2018 |

ЦО на СДСМ – На маса реконструкција на Владата и спорот со името

Социјалдемокaртите попладнево на состанок на Централниот одбор. Очекувањата на дел од членовите се претседателот на партијата и премиер да реферира околу реконструкцијата на Владатра, преговорите со БЕСА, но и спорот со името и преговорите со Грција.

Сепак според висок партиски функционер не може да се очекува детали од преговорите за името, ниту пак од разговорите со БЕСА за влез во Владата.

Официјално од Бихачка велат дека главната тема на состанокот ќе биде финансискиот извештај на партијата за минатата година, која според процедурите мора да добие поддршка и од ЦО.

Извор: ТВ 24

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top