| четврток, 6 декември 2018 |

МВР со детали за убиството во Скопје

Дошол дома со брат му, а таму ја нашол мајка му како лежи со убодна рана во градите.

Полицијата денеска информира дека во 21.00 часот, 47-годишниот Г.Г. од Скопје пријавил дека со убодна рана во пределот на градите и без знаци на живот ја пронашол неговата мајка, 77-годишната К.Г. во нејзиниот стан во населбата Тафталиџе во Скопје.

Во 20.30 часот тој отишол да ги посети мајка му и брат му, 50-годишниот М.Г. и кога влегол внатре ја пронашол како лежи.

Во врска со овој случај во полициска станица е приведен и задржан М.Г.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top