| четврток, 6 декември 2018 |

Убиство во Скопје, ја нашол мајка си во крв

Во 21 часот синоќа 47-годишниот Г.Г. од Скопје пријавил дека со убодна рана во пределот на градите и без знаци на живот ја пронашол неговата мајка, дознава Скај.мк.

Се работи за 77-годишната К.Г. која била најдена во нејзиниот стан во населбата Тафталиџе во Скопје.

Во врска со овој случај во полициска станица е приведен и задржан М.Г.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top