| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на Ана и Швајни сепак не се вика Лука

Германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер ја збуни јавноста со изјавата врзана за името на синот, кој се роди пред неколку дена во Чикаго. По породувањето Ана и Бастијан објавија неколку фотографии, но ниту еднаш не го објавија името на бебето.
Сепак, јавноста претходно знаеше дека синот ќе се вика Лука, па не се потресе многу што не го прочита името на Инстаграм. Се додека Бастијан не ја даде изјавата за американските медиуми: „Името е тајна, не можам да ви го откријам“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top