| четврток, 6 декември 2018 |

Сквернавење на гроб во Охрид

Вчера во 16 часот во Полициската станица Охрид од граѓанин било пријавено дека непознато лице врши оштетување верски објект-гроб на ул. „Гоце Делчев“ спроти Хајдар Пашина џамија.

Од извршениот увид било утврдено дека околу 15:50 часот непознатиот сторител ја искршил покривката од ќерамиди на Турбе (гроб на незнаен муслимански светец), по што побегнал.

Од преземените мерки било утврдено дека сторител на делото е Е.Ш.(38) од Охрид.

Тој бил пронајден, лишен од слобода и задржан во Полициската станица Охрид за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top