| четврток, 6 декември 2018 |

До вчера гладуваа, но потоа ги открија овие два производи и станаа една од најсилните економии

Западноафриканската држава Гана беше во голема економска криза од 80-тите години од минатиот век, а во земјата после неколкуте државни удари владееше гладот.

Но, од 1992 година Гана спроведува мирни избори, а денес иднината на оваа држава изгледа посветла од било кога. За тоа значајно придонесе откривањето на нафтата, а со моменталниот скок на цената на нафтата, Гана наскоро може да достигне нешто што никој не се надеваше.

Најверојатно Гана ќе стане една од светските економии кои што оваа година најбрзо се развиваат, а ова е мислење на Светската банка, Банката за африкански развој, ММФ и Брукингс институцијата.

Само во јануари, Гана забележала највисока стапка на раст од 19%, а проектираниот раст за 2018-та година се движи од 8,3 и 8,9 проценти, со што Гана би можела да ја надмине Индија која што има силен технолошки сектор.

Исто така, какаото е еден од главните природни ресурси на Гана и неговите произведувачи само придонесуваат за нафтениот бум. Едмунд Поку, директор на „Ниче Какао“ вели дека неговата фабрика во Тема, индустриско предградие на главниот град Акра, има договори да го продаде сиот прав, путер и таблите чоколадо кои што планира да бидат произведени во 2018-та година.

Сепак, економистите и останатите експерти ја предупредуваат Гана да го избегне таканареченото „проклетство на ресурси“ кое што ги мачи другите земји кои што премногу се потпираат на експлоатацијата на нафта и минерали.

Претседателот Нана Акуфо-Адо во 2016-та година вети дека ќе го послуша тој совет и приходите од нафтата ќе ги пренасочи во образованието, земјоделството и производството за економијата на Гана да стане разновидна. Гана сега треба да докаже дека може да го претвори својот нафтен бум во високо квалитетни работи и да го одржи развојот.

извор: Точка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top