| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил влета во Собранието на Македонија (фото)

Верижен судир на четири автомобили се случи вечерва на булеварот пред Собранието на Република Македонија. Како резултат на судирот едно од возилата ја проби оградата и влезе во дворот на законодавниот дом.

Екипата на Република од терен јавува дека нема повредени а едно од возилата е посериозно оштетено. Сите учесници во сообраќајката се млади лица.

Увидот на полицијата е во тек.

ФОТО: Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top