Градоначалникот на Струга Зиадин Села порача дека нема да потклекне на заканите и ќе продолжи со реализацијата на ветувањата што им ги дал на граѓаните.
– Знам дека ќе има пречки, но нема враќање назад или предавање пред притисоците, истакнал Села за порталот strugalajm по заканите кои деновиве ги добил по најавата дека ќе ги урива дивите објекти по текот на реката Црн Дрим.
Градоначалникот на Струга во струшката полиција пријавил дека добивал закани од Дилавер Бојку – Леку, сопственик на „Блу Скај“ што се наоѓа на брегот на реката Дрим. Општината на сите сопственици на дивоградби покрај Дрим им испратила писмо во кое ги известува да ги отстранат дивоградбите на кејот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.