| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши заложничката драма во Франција, полицијата го убила напаѓачот

Полицијата го застрела вооружениот напаѓач кој држеше заложници во супермаркет во градот Требу, јужна Франција.

Убиецот, за кој се вели дека убил три лица, сега е мртов, велат извори. Напаѓачот, за кој се верува дека е од Мароко, велел дека ѝ припаѓа на групата Исламска држава.

Претходно истиот осомничен ранил полицаец што џогирал со колегите во Каркасон, во близина на нападот.

Осомничениот бил силно вооружан и барал ослободување на Салах Абдеслам, најважниот преживеан осомничен за нападите на 13 ноември 2015 година во Париз, во кои загинаа 130 лица.

Осомничениот им бил познат на француските разузнавачки служби, а неговата мајка е на местото на настанот, јави Би-би-си.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top