| четврток, 6 декември 2018 |

Симпозиум за балканското аудиовизуелно наследство во Венеција

На иницијатива на Културната фондација „Чини“ од Италија, од 22-ри до 24 март во Венеција се одржува академски симпозиум на тема „Балканското аудиовизуелно наследство во европската цивилизација“.

Домаќин на симпозиумот е венецискиот универзитет „Ка Фоскари“, а поканети се претставници од Уметничката академија од Ротердам и Универзитетот од Дурем, Англија. Високообразовните институции од Македонија и од Југоисточна Европа ги претставува ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш, во својство на на генерален секретар на Academia Balkanica Europeana.

– Темата на симпозиумот е фокусирана на етномузикологијата како израз на идентитетот во документарните филмови од балканските земји. Легендарниот турски композитир Кудси Ергунер, кој живее во Париз, ја раководи работилницата во која ќе настапат повеќе вокални солисти и индивидуални исполнители на традиционални инструменти на свечениот концерт кој утревечер од 20 часот ќе се одржи во култната сала на Фондацијата „Чини“, каде ќе бидат изведени песни од турската, македонската, албанската и грчката музичка ризница, соопшти Универзитетот ЕФТА.

Фондацијата „Чини“ објави и конкурс за мастер-клас кој ќе се одржи во јуни 2018 во Венеција, како и за изработка на документарен филм поврзан со етномузиколошките традиции на Балканот кој е отворен за сите студенти и постдипломци од македонските универзитети

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top