| четврток, 6 декември 2018 |

Меланија ова нема да го преживее: Плејбој зајачицата на Трамп излезе пред камери и во солзи раскажа се (Видео)

Плејбој зајчица која тврди дека била во љубовна афера со Доналд Трамп, на новинарот на СИ-ЕН-ЕН детално му го опиша нивниот однос. Седејки пред камерите, таа ја отвори душата, а неколку пати дури и заплака.

Таа рече дека била заљубена во Трамп и дека имале прекрасен однос. Тврди и дека тој постојано и изјавувал љубов.

Поранешната зајчица вели дека со најмоќниот човек на САД спиела веќе на првиот состанок.

– Откако бевме интимни ми понуди пари. Незнаев како да реагирам. Сигурно изразот на моето лице бил тажен. Се беше толку тажно. Потоа плачев во кола – вели таа, како и тоа дека му кажала на Трамп дека таа не е „таква девојка”.

Со солзи во очите ја прераскажува својата ситуација кога Трамп наводно ја одвел во неговиот стан, покажувајќи и ја спалната соба во која спие Меланија.

– Спиеа во одвоени соби, тоа ми беше чудно, но помислив дека можеби имаат проблеми – изјавила Мекдугалова, истакнувајќи дека и било многу тешко да влезе во домот на оженет човек чија жена штотуку се породила.

– Едвај чекав да излезам надвор. Да правиш нешто лошо е едно, но да го правиш тоа лошо во нејзиниот дом, во нечиј кревет… Срцето ми се стегна – вели таа задржувајќи ги солзите.

Иако чувствувала вина останала во врска со Трамп уште неколку месеци.

Поранешната зајчица рекла дека Трамп не е онаков каков што се претставува во медиумите, туку дека е многу шармантен и вистински џентлмен.

Белата куќа повторно ги негираше тврдењата на Мекдугалова и истакна дека тие се лажни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top