Поранешниот голман на Металург, Дарко Станиќ признава дека трансферот во Вардар бил веќе завршена работа, но на крајот одлучил да не ја прифати понудата.
Силно се шпекулираше дека Станиќ може да биде новиот голман на Вардар, но брзо стигнаа информациите дека од тоа нема да биде ништо, тој се вработил во Министерството за млади и спорт во Србија.
Во интервју за „Ало.рс“, на прашањето зошто туку така одлучил да ја заврши кариерата и да се впушти во политички води, Станиќ откри дека имал сериозна понуда од Вардар.
„Кога пријател од мојот роден Мојковац го прашаа да ја прокоментира мојата одлука, тој рече: „Знаете каков е тој, не можете од него да очекувате логичен одговор на логично прашање“. И тоа е навистина така. Имав сериозна понуда од Вардар, но проценив дека не можам веќе да бидам оној вистинскиот. Тоа себе не можев да си го дозволам. Да одам некаде и да не бидам најдобриот што можам. Не поради други или некои медали, туку поради самиот себе“, вели Станиќ.
На прашањето „Зарем немаат сите спортисти таков мотив кој ги влече напред“, Станиќ даде интересен одговор.
„Никогаш не сум го имал тоа. Дури ни кога бев професионален играч, не сака 24 часа дневно да мислам само на ракомет. Не сакам екстремност во ниту еден поглед. Имам многу други работи кои ме интересираат. Тука се филозофија, психологија, историја, теологија, уметност, планинарење… Се трудам да бидам со широки сфаќања и интересирања, а не фокусиран само на една работа. Затоа и во текот на кариерата одбивав некои големи договори бидејќи знаев дека ќе ме заробат, но никогаш не сум сакал да бидам роб. Ничии , па така ни на своите цели и соништа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст