| четврток, 6 декември 2018 |

„Закажи средб@“ задолжително од 1 мај за користење услуги во УЈП – Скопје

Даночните обврзници кои ги користат даночните услуги на Регионалната дирекција на УЈП – Скопје од 1 мај годинава задолжително ќе треба да ја користат услугата „Закажи средб@“.

Услугата овозможува секој даночен обврзник да закаже термин за остварување средба со даночен агент во УЈП – Регионалната дирекција Скопје, во време кое нему му одговара, а со цел консултација за специфични прашања кои се однесуваат на рокови, начини за пријавување и плаќање даноци, oтворање бизнис и регистрација на даночен обврзник, консултации за издадени даночни документи, утврдување даноци, постапки за наплата на долгови;, како и правни прашања.

Услугата може да се користи он-лајн или преку Инфо центарот на УЈП. Средбата може да се закаже преку Инфо центарот (0800 33 000 или 02/3253 200) или он-лајн преку веб страницата на Контакт центарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top