| четврток, 6 декември 2018 |

Еден од главните адвокати на Трамп поднесе оставка

Главниот адвокат на претседателот на САД, Доналд Трамп за специјалната истрага за наводно мешање на Русија во претседателските избори во 2016-та година, поднесе оставка.

Џон Дауд ја поднесе оставката бидејќи Трамп упорно ги игнорирал неговите правни совети, наведе Би-Би-Си.

Тој за агенцијата „АП“ потврди дека поднел оставка од правниот тим.

„Го сакам претседателот и му посакувам се најдобро“, истакнал Дауд.

Оставката следи само неколку дена, откако Трамп го додаде Џозеф ди Генова во својот правен тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top