| четврток, 6 декември 2018 |

Нема да се гради Луна паркот во Скопје: Шилегов ја стопира изградбата, бара концесионер

Градоначалникот Петре Шилегов ќе бара концесионер за Луна паркот, пишува СДК.мк.  Градежните работи за изградбата на новиот Луна парк на местото на постоечкиот, ексградоначалникот Коце Трајановски ги почна лани во април. Градоначалникот Шилегов дал налог да се стопираат изградбата додека се одлучи како ќе продолжи изградбата.

„Размислуваме Луна паркот да го дадеме под концесија, односно приватен партнер да го изгради и во одреден рок да стопанисува со него. Проектот кој го наследив предвидува тој да чини околу 9 милиони евра. Сега ги разгледуваме сите преземени правни и финансиски обврски“, вели градоначалникот Шилегов.

И поранешниот градоначалникот Коце Трајановски најавуваше дека новиот Луна парк ќе се гради со јавно-приватно партнерство, но по неколкуте пропаднати меѓународни тендери за избор на концесионер, беше одлучено Град Скопје да го гради од сопствени средства.

Дел од реквизитите кои требаше да се постават во Луна паркот веќе се испорачани. Во депото на Луна паркот каде се однесени старите реквизитите се наоѓаат и нови седум.

Досега во Луна паркот изведени се само дел од содржините. Изграден е еден објект и просторот целосно е расчистен.

Луна паркот лани во април почна да се гради по идеен проект изработен од „Билд урбан“ ДООЕЛ Скопје, а за изведувач на градежните работи беше избрана фирмата „Жикол“. Тогашниот градоначалник Коце Трајановски кажа дека ќе биде на површина од околу 25.000 квадратни метри и со изградбата нема да се зема од зеленилото од Градскиот парк. Трајановски кажа дека тој ќе чини 6,5 милиони евра и ќе се гради етапно. Во првата фаза беше предвидено изградба на инфраструктура и објекти кои се неопходни за функционирањето на забавниот парк, како што се влезн-излезна партија, објект за администрација, тоалети и други придружни објекти, партерно и хортикултурно уредување. Паралелно со изградбата на инфраструктурата, во оваа фаза требаше да се постават седум реквизити.

Според проектот во паркот требаше да се постават вкупно 27 реквизити, од кои 3 адреналински реквизити, 6 семејни и 18 детски реквизити, како и разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забави.

 

извор. сдк.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top