Англискиот премиерлигаш Вест Хем денеска одлучи со доживотна забрана за влез на стадионот да казни најмалку пет навивачи поради симнувањето на теренот за време на натпреварот против Барнли минатиот викенд. Во исто време, на неколкумина други навивачи времено ќе им биде оневозможен престој на „Олимпискиот стадион“ поради фрлање монети во насока на клупското раководство.
Вест Хем беше убедливо поразен од Барнли со 3-0 во последниот меч на „чеканите“ пред репрезентативната пауза, што предизвика револт кај фановите, но
потпретседателот на клубот Карен Брејди изјави дека и во иднина нема да има толеранција за слични инциденти.
– Ние имаме нулта толеранција за било каква форма на насилство и обид да се загрози нечиј животот. Посветени сме на обезбедување на безбедноста и удобноста на секој навивач кој доаѓа на нашиот стадион, се вели во соопштението.
Вест Хем во моментов е на само два бода над зоната за испаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст