| четврток, 6 декември 2018 |

Скршил 45 апарати и два рулета: Струмичанецот во казиното ,,Сенатор“ направил штета од 1 500 000 денари

МВР соопшти дека струмичанецот што вчера го искрши  казиното „Сенатор“ во Струмица со секира, направил штета од 1.500.000 денари.

– На 21.03.2018 година околу 17,45 часот во Секторот за внатрешни работи Струмица пријавено е дека А.В. (49) од с.Василево-струмичко со секира влегол во казино на улицата „Маршал Тито“ и оштетил 45 апарати за игра на среќа и два рулета. Од страна на полициски службеници лицето било приведено и по целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top