Најголем дел млади во 12 држави во Европа не се религиозни и ретко одат во црква, што е доказ за тренд на постепено свртување кон постхристијанско општество, е резултат од истражување објавено од Гардијан.
Истражувањето е спроведено кај млади од 16 до 29 години во 21 европска држава и укажува дека најмалку религиозни се во Чешка каде 91 отсто испитаници од таа старосна група рекле дека немаат никаква верска припадност.
На списокот на држави во кои мнозинство млади не се религиозни следуваат Шведска, Данска, Естонија, Холандија,. Норвешка, Франција, Шпанија, Британија, Белгија, Унгарија и Финска.
Во најголем дел од тие држави освен во Холандија, помалку од десет отсто млади одат во црква макар еднаш неделно.
Во Чешка 70 отсто испитаници одговориле дека никогаш не одат во црква, а во Британија, Франција, Белгија, Шпанија и Холандија тој процент е меѓу 55 и 60 отсто.
Во Словенија нерелигиозен е декој втор млад жител (48 отсто), во Русија 46 отсто, во Гермнаија 43 отсто испитаници. Младите во тие држави не одат често во црква додека еднаш неделно тоа го прават помалку од 25 отсто.
Најрелигиозни се младите во Полска каде 17 отсто испитаници рекле дека не припаѓаат на ниту една вера, потоа во Ирска (31 отсто) и Австрија (34 отсто). Во Полска барем еднаш неделно во црква одат половина млади, а во Ирска околу една третина (31 отсто).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст