Македонската фудбалска репрезентација до 19 години доживеа пораз од Летонија со 1-2 (0-1) на стартот од елитниот квалификациски турнир за пласман на Европското првенство во Финска во 2018 година. Летонија ги искористи своите шанси и ја запиша првата победа, иако „црвено-жолтите“ го диктираа темпо во текот на целиот натпревар, но не успеаја да ги реализираат своите шанси.
Летонците поведоа со голот на Богданс Самоиловс во 42-та минута, а во 56-тата истиот играч со одличен погодок од околу 20 метри ги доведе гостите до убедлива предност.
Во 88-та минута во шеснаесетникот на гостите беше срушен Елиф Елмас, а од белата точка прецизен беше Димитар Митровски за конечни 1-2.
Во вториот меч од квалификациската група 2, Англија со пресврт во вториот дел ја победи Унгарија со 4-1, откако на полувреме губеа со 0-1.
По првите дуели, Англија и Летонија имаат по три бода, а Македонија и Унгарија се без бод.
Во следното коло, Македонија на 24 март ќе се соочи со селекцијата на Унгарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст