Тапанарот на популарните „Битлси“ доби орден и назив витес од војводата во Единбург на церемонијата во Бакингамската палата.
Ринго Стар (77), чие вистинско име е Ричард Сторки, рече дека е презадоволен што конечно го доби овој орден.
– Многу ми значи, и ова потврдува дека сите работи кои што сум ги направил се препознатливи и се ценат. Навистина сум задоволен поради овие почести – изјави Ринго за Би-Ви-Си.
Целиот состав на „Битлс“ беше одликуван уште пред 53 години, но сега Ринго стана последниот „битлс“ на кого оваа чест му е укажана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.