Бројни јавни личности ја поддржуваат иницијативата за масовно бриешење на Фејсбук профилите, а насјилна порака испрати основачот на Ватс ап, Брајан Актон. Тој им порача на сите корисници на Facebook да ги избришат своите профили поради се почестите скандали за прибирање и злоупотреба на приватните податоци, особено со случајот на Кембриџ Аналитика компанија блиска до кампањата на Трамп обработувала податоци за кој како и за што гласал пред да се одржат претседателските избори.
Интересно е што Актон заработи огромно богатство продавајќи ја Ватс ап на Марк Цукерберг за огромни 19 милијарди долари и сега неговата апликација е во сопственост и под контрола на Фејсбук.
Вредноста на најпознатата светска социјална мрежа падна за 37 милијарди долари, а нејзиниот сопственик Марк Цукерберг изгуби шест милијарди долари по откривањето на скандалот и најавите за тужби против Кембриџ Аналитика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст