Како реакција на судската постапка за смртта на малиот Алмир од Куманово на социјалните мрежи се споделува повик за протестот кој е закажан за во среда во 13 часот пред Владата.
„Ве очекуваме на протест да го искажете вашиот револт кон судската мафија. Донесете со себе играчка, парче облека или што било најмило од вашето дете или внуче. Протестот ќе биде мирен затоа што ќе има многу мајки и деца“, повикуваат организаторите на протестот.
Нивната реакција велат дека следува бидејќи со преквалификацијата имало повреда на основните начела на Законот за јавното обвинителство. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ја осуди постапката на четворицата обвинители, истакнувајќи дека таквото обраќање е непрофесионално и се прекршил етичкиот кодекс на јавните обвинители во Република Македонија.
Четиригодишниот Алмир беше прегазен на 25 јуни 2016 година поради банална расправија за ред во Здравствениот дом во Куманово, која прерасна во физичка пресметка помеѓу таткото на детето и Бобан. Во обид да избега од напаѓачите, Бобан со својот автомобил удри во ѕид од куќа и го прегази детето. Семејството Алиу побара максимална казна за Бобан. Тој, пак, тврди дека е жртва во пресметката на таткото на Алмир, Сеад Алиу, и на уште двајца негови роднини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


