| четврток, 6 декември 2018 |

Светски експерти ќе истражуваат зошто во Македонија починуваат бебиња

Tимови експерти од Светската здравствена организација почнуваат со посета на родилиштата во државата за да утврдат како функционираат тие во земјава во услови кога се случува многу често бебиња да умираат, пишува весникот Вечер.

– Тоа ќе ни овозможи да знаеме во која здравствена установа која проблематика може успешно да се третира врз основа на соодветни критериуми. Едно родилиште, за да биде акредитирано соодветно и според светски стандарди, не е доволно да има само гинеколози, туку е потребно да има неонатолози и анестезиолози. Сакаме да направиме организиран и интегриран систем во кој државата таму каде има услови кои ќе го гарантираат квалитетот на здравствената услуга, информира министерот Венко Филипче.

Недостапноста на родилиштата и несоодветната и ненавремена здравствена грижа на родилките е главна причина за нивна смртност, а најголем процент од починатите бебиња е поради нивната мала родилна тежина и предвремено раѓање. Министерот веќе најави дека ќе направи се за ова прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top