| четврток, 6 декември 2018 |

Прифатен анексот на договорот со Синохидро за продолжување на рокот за изградба на делницата Кичево-Охрид

Владата на денешната седница го прифати текстот на Анекс бр. 1 кон Договорот за изградба на патната делница Кичево-Охрид за продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Синохидро корпорејшн лимитид.

„Владата на Република Македонија денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од донесување на Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, и го разгледа и го прифати текстот на Анексот бр. 1 кон Договорот за изградба на патна делница Кичево – Охрид заради продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Синохидро корпорејшн лимитид, стои во соопштението од владината прес-служба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top