| четврток, 6 декември 2018 |

Кој министер колку потрошил – најавен отчет за првите шест месеци

Колку потрошиле носителите на јавни функции за време на нивниот шестмесечен мандат – ваквата информација Влдата ќе ја објави на на прес-конференција.

„На денешната 60. редовна седница Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои информацијата за реализацијата на владината одлука од 42. седница, со која ги задолжи министрите, заменик-министрите, државните секретари, генералниот секретар и претседателот на Владата да достават информации за службените трошоци направени во првите шест месеци од преземањето на функциите, поточно од јуни до ноември 2017 година“, сооопшти владината прес-служба.

Според нив целосниот увид во овие трошоци јавноста ќе го има преку алатката за отчетност за трошоците на носителите на јавни функции, која ќе биде презентирана на прес-конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top