| четврток, 6 декември 2018 |

Во Грција уапсена Русинка поврзана со убиството на новинарката од Малта

Русинката Марија Ефимова, поврзана со убиството на новинарката Дафне Гаруана Галиција се предаде на грчката полиција.

Таа работела како службеничка во банка. Тргнала од Малта кон Грција и во Атина и се предала на полицијата.
Новинарката Галиција токму неа ја наведе како извор на информации за наводите дека сопругата на премиерот на Малта, Мишел Мускат, има фирма преку која добива тајни уплати. Во октомври минатата година новинарката Галиција беше убиена кога нејзиниот автомобил експлодира.

Ефимова вели дека се плаши за сопствениот живот. За различни обвиненија, кои не се поврзани со новинарката, властите на Малта и на Кипар распишаа потерници по Русинката.

Таа ги негира таквите обвиненија и се плаши дека ја бараат за да ја ликвидираат и да не проговори за тајните што ги знае за премиерот на Малта и неговата сопруга.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top