| четврток, 6 декември 2018 |

Судот со двојни аршини и непочитување на законот: Обвинителите добредојдени гости во Кривичен, одбраната нема пристап!

Во последно време во судовите може да се види пракса која не е позната во законот, коментираат експертите. Според нив праксата во Кривичниот суд покажува дека обвинители може да одат на консултации кај судиите, додека претставници на другата страна или одбраната целосно се игнорираат. Или обвинителите на СЈО безмалку секојдневно се на редовни консултации во Кривичниот суд, додека одбраната нема никакви права.

На пример, велат познавачите на работите поврзани со судството, денеска, во Кривичниот суд беше виден еден обвинител од СЈО кој бил иако нема рочиште имал средба со судијата. Според судски извори истиот внатре се договарал со судијата како да се надмудри одбраната и да се заобиколи правото кога е во прашање одбраната.

Оттука треба да се потенцира дека во судот или пред судијата има две страна обвинител, и обвинет и одбрана кои според правните норми и праксата се еднакви пред судијата. Но, очигледно тоа не е случај.

Ова значи дека се игнорираат законите или конкретно Казнениот закон и Законот за казнена постапка, како и едно од основните правни начела – „еднаквост на оружјата“, што подразбира еднакви права и на обвинителот и на одбараната. Конкретно со Законот за казнена постапка дефинирани се правата и должностите на обвинителот и одбраната.

Во член 42 од Законот за казнена постапка се вели дека „Основно право и основна должност на јавниот обвинител е да ги гони сторителите на кривични дела; за кривични дела за кои се гони по службена должност јавниот обвинител е надлежен: да презема потребни мерки во врска со откривањето на кривичните дела и со пронаоѓањето на сторителите и заради насочување на предистражната постапка; во предистражна постапка да издава наредби за примена на посебните истражни мерки под услови и на начин утврдени со овој закон;. да бара спроведување на истрага; да го подига и застапува обвинителниот акт, односно обвинителниот предлог пред надлежниот суд; да изјавува жалби против неправосилните судски одлуки и да поднесува вонредни правни лекови против правосилните судски одлуки…“

Согласно член 71-а од истиот Закон „бранителот за потребите на одбраната може во согласност со закон да бара податоци и известувања од државни органи, од органи на државната управа, од институции што вршат јавни овластувања и од органите на единиците на локалната самоуправа да бара да му се достават документи, списи и известувања, да врши консултации и да прибавува мислења од стручни лица од соодветна област…“

Во овие членови јасно се дефинира што работи обвинителот, а што одбраната. Она пак што се практикува од Судот е целосно игнорирање на законот. Не се почитуваат нити основните начела од Законот за казнена постапка.

Или на претсатвниците на одбараната им се ускратува правото „да има доволно време и можности за подготвување на својата одбрана“. Па така на пример за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски речиси секојдневно се закажани рочишта. Колку за илустрација пак на пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими, кој минатата недела не дојде на судење поради службено патување од два дена, рочиштето му беше презакажано за повеќе од месец дена или за 27 април. Ист е случајот и со премиерот Зоран Заев.

-Понеделник, вторник, среда… секој ден сум на судење. На Зоран Заев судот му закажува на два месеци, мене секој ден. Ова веќе не е судење. Ова е фарса. Ова е малтретирање,
изјави Груевски на почетокот на февруари.

Од друга страна и кога станува збор за доказите во судењата има двојни аршини. На ова укажа Груевски на едно од рочиштата кон средината на февруари.

-Начинот на кој СЈО ги има прифатено СМС пораките кои ги дава како доказ дополнително не дава можност да се гарантира нивната автентичност. Не се обезбедени со посебни истражни мерки, за нивната автентичност и целовитост не гарантира ниту еден државен орган, ниту пак СЈО ги има добиено истите од државни институции. Ниту телеком операторите не чуваат копии од овие пораки, бидејќи тоа би било незаконски, влегуваат во приватноста. Ниту пак може да ја гарантираат нивната автентичност или да дадат своја копија, бидејќи таква копија немаат ниту пак смеат да имаат, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top