Дијабетичарите не се единствени кои имаат високо ниво на шеќер во крвта, иако повеќето мислат така.Секое лице кое страда од тоа, а и не е свесно каква штета тоа предизвикува на неговите нерви, крвни садови и органи.
Погледнете како да ги препознаете симптомите за високо ниво на шеќер во крвта и што да превземете за да спречите можни компликации на оваа „подмукла“ болест.
1. Зголемен замор
Како резултат на високото ниво на шеќер во крвта, телото не е способно правилно да ја складира и апсорбира гликозата – што доведува до тоа лицето постојано да се чувствува заморно – без причина.
2. Често мокрење
Кога нивото на шеќер во крвта е високо, бубрезите не можат да ја ресорбираат течноста што доведува до често уринирање.
3. Сува уста, голема жед
Сувата уста и голема жед се одговори на зголеменото губење течности. Хипоталамусот кој го проценува нивото на дехидрација и предизвикува чуство на жед, испраќа сигнали на мозокот. Под овие околности, најдобро е да пиете вода.
4. Константна глад
Високото ниво на шеќер во крвта ја спречува гликозата да влезе во клетките. Како резултат, телото добива доволно енергија и константно бара храна.
5. Губење на тежина
Еве кои се причините за губење на тежина поради високо ниво на шеќер во крвта:
– губење течности поради честото мокрење доведува до ниско ниво на течности во целото тело, а резултат на тоа е губење на тежина
– кога нивото на инсулин е недоволно за метаболизмот на гликозата, телото почнува да ги согорува мастите
– поради високото ниво на гликоза телото троши доста калории за да создаде големо количество на урин и на тој начин „се ослободи“ од вишокот гликоза.
6. Инфективни болести
Големото количество на шеќер е идеална средина за размножување на квасец и бактерии што доведува до габични и уринарни инфекции.
7. Сува кожа
Сувата кожа може да биде поврзана со високото ниво на шеќер во крвта од повеќе причини:
– претераното често мокрење го дехидрира телото до таа мерка што кожата почнува да се суши
– проблемите со кожата на нозете се знак на атеросклероза – таложење на липиди и некои минерали на ѕидовите на крвните садови доведува до нивно затворање и отежната циркулација на крвта а оваа болест е честа кај дијабетичарите
– оштетените нерви можат да ја пореметат нормалната функција на жлездите за потење кои влијаат на влажноста на кожата.
8. Проблеми со концентрацијата
Високото ниво на шеќер спречува гликозата да влезе во клетките на мозокот. Ова влијае на брзината на размислување и донесување одлуки.
9. Матен вид
Матниот вид е резултат на дехидрација поради високо ниво на шеќер во крвта – тоа исто така влијае и на клетките на окото. Како резултат на тоа тие се деформираат и окото ја губи способноста правилно да фокусира.
10. Споро зараснување на раите и исеченици
Тоа се случув поради васкуларно оштетување кое е резултат на високото ниво на шеќер.
11. Намалено либидо
Високото ниво на шеќер во крвта негативно влијае на нервите, добриот крвоток и правилна рамнотежа на хормоните. Вишокот шеќер во крвта негативно влијае на овие системи.
12. Раздразливост
Според истражувањата, луѓето со високо ниво на шеќер во крвта се вознемирени, раздразливи – и во некои случаи, депресивни. Мозокот се потпира на снабдувањето на еднакви количества гликоза па наглите скокови во нејзиното ниво негативно влијаат на неговата работа. Како резултат на тоа нашето расположение нагло се влошува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст