| четврток, 6 декември 2018 |

Најлудиот перформанс на Балканот: 40 минути повраќала на песна од Мишо Ковач

Балканските медиуми деновиве се потсетуваат и објавуваат за еден од најлудите ументички перформанци кој бил изведен пред околу 8 години. Во него хрватската уметница Сандра Штреле од Сплит 40 минути повраќала додека во позадината ја слушала песната „Далматинац“ на Мишо Ковач.

Во паузите помеѓу повраќањето, уметничката шетала помеѓу шокираната публика. Многу од присутните го напуштиле настанот уште на самиот почеток, додека оние кои останале набљудувале со голема зачуденост. Сандра Стерле предава на Уметничката академија во Сплит, а својот перформанс го извела во просториите на Акварија на сплитскиот Бачвицама, на третиот ден од фестивалот за отворени перформанси.

Како што самата изјавила, на ова се сетила додека го коритела јавниот превоз каде била приморана да ја слуша неговата музика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top