Специјалното јавно обвинителство се откажа од обвинението за случајот „Сопот“. Според обвинителката Катица Јанева не постојат доволно докази со кои може да се утврди обвинението за конкретните обвинети. Единствен доказ на кој се засновала пресудата е сведочењето Бајрам Рамадани, кој исказот го дал под присила. Обвинителот Бајрим Рустеми денеска изјави дека кривичното дело тероризам не може да се поврзе со обвинетите.
„Припадници на УБК, вршеле психичка и физичка тортура, при што бил незаконски приведен и тепан во објект во Банско, Струмица. Сведокот добил закани дека ќе биде лишен од живот и бил присилен од припадници на УБК да напише изнудена изјава врз која се базира пресудата“, рече Рустеми.
Во предметот 10 лица се осудени за кривично дело „Тероризам“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст