| четврток, 6 декември 2018 |

Додека Скопје пропаѓа, Шилегов за шетање троши 90.000 евра

Додека градот е во исклучително лоша ситуација и не се обавуваат осноивните функции, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов продолжува со своите патувања.

Откако е на власт, за само 5 месеци Шилегов беше да разменува искуства во Загреб, Љубљана, Тирана, да ја продлабочува соработката со градоначалникот во Атина, па дури и говореше на партиски митинг во Србија.

Последно Шилегов појде да разменува искуства со градоначалникот на Париз, а најавено е дека патувањата нема да сопрат ни во иднина.

Евиденцијата на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки покажува дека Град Скопје има распишано тендер во вредност од 6 милиони денари или 90 илјади евра за патувања, што значи во просек картата на едно патување чини 500 евра.

 

Однесувањето на Шилегов о осуди поранешниот претседавач на советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ. Тој направи паралела дека и поранешниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски исто така беше во Париз на размена на искуства само што тогаш патувањата ги платија жителите на Центар. Тој прашува во овој случај кој ги плаќа овие патувања

.

Граѓаните исто така не се задоволни од ваквите излети на Шилегов покажува и разговорот на социјалните мрежи помеѓу шефот на кабинетот на Шилегов, Никола Наумовски со изреволтирани граѓани. Од преписката може да се види дрското и арогантното однесување на Наумовски. Додека ја бараа довербата на граѓаните постојано велеа дека приоритетите ќе бидат поставувани од граѓаните но сега откако седнаа во фотељите и се закитија со функции приказната е друга.

На овој разговор во одбрана на Шилегов и Наумовски се приклучува и директорот на ЈП „Улица и патишта“, назначен од Шилегов, Сенад Сенко Смаилович каде постира слики и се фали дека работи. Од она што може да се забележи е дека една од сликите е одбележување на местата предвидени за такси возила што е редовна обврска на претпријатието. Но во овој случај во недостиг на проекти и тоа е успех за администрацијата на Шилегов.

Петре Шилегов е на власт 5 месеци. Во овие 5 месеци освен што стопира се што можеше да се стопира, почна да урива и споменици на македонските револуционерни херои.

Во неговата програма ветуваше многу, трамваи, нови мостови, тунели, нови асфалтирани улици и патишта, ревитализација на езерото Треска и ред други работи. Досега не почна ништо да реализира од ова освен што се пофали во неколку наврати дека го исчистил градот и дека го намалил загадувањето што е голем апсурд.

Граѓаните веќе неколку пати му порачуваат на Шилегов наместо да шета низ Европа да се зафати со работа и да почне да им ги решава нивните проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top