| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска рочиште за „Сопот“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште од повтореното судење за предметот „Сопот”.

Овој случај е од 2003 годинa, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот. Во овој случај десет лица беа осудени за тероризам. Тие се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, лани во јули го предаде предметот на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top