Владимир Путин е реизбран убедливо за нов шестгодишен мандат на изборите за претседател на Русија, објави рускиот Центар за јавно мислење (VTsiOM). Податоците се врз база на анкети за излезноста, јави АФП.
Според Центарот, Путин добил 73,9 отсто од гласовите, според податоци од 1.200 избирачки места во Русија. На второ место е кандидатот на комунистите Павел Грудинин со 11,2 отсто гласови. Ултранационалистот Владимир Жириновски е трет со 6,7 отсто гласови, а новинарката Ксенија Собчак е четврта со 2,3 отсто гласови. Центарот наведува во соопштение дека преку 37 отсто од оние кои гласале одбиле да кажат за кого го дале гласот.
По преброени 21,3 отсто од гласачките ливчиња, Путин води со 71,97 отсто. Втор е Грудинин со 15,9 отсто, Жириновски трет со 6,96 отсто гласови и Собчак четврта со 1,39 отсто гласови.
Според податоци на Централната изборна комисија од 18 часот по локално време избирачката активност била 59,97 отсто. Тоа е два часа пред затворањето на избирачките места во западна Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст