Ракометарите на Металург го победија Целје со 28-26 во последниот натпревар оваа сезона во СЕХА лигата. Натпреварот започна изедначено, екипите се менуваа во водство, а Металург во финишот од полувремето направи серија од 5-1 и на одморот замина со предност од 17-13.
Македонскиот тим го одржуваше водството во второто полувреме, а се што направи Целје беше доближување до два гола негатива. На крајот Металург славеше победа со 28-26.
Најдобар стрелец кај домаќините беше Кузмановски со шест голови, Јагањац постигна пет, Токиќ и Пешевски по четири.
Со овој натпревар Металург ја заврши сезоната во СЕХА лигата на седмата позиција со 19 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст