| четврток, 6 декември 2018 |

Снежното невреме откажа повеќе од сто лета на лондонските аеродроми

Oколу 120 летови од британските аеродроми Хитроу и Гетвик, денеска беа откажани поради снежна бура, а властите упатија предупредување и до возачите од кои се бара да бидат внимателни на патиштата.

Летови се откажани уште од петокот вечерта, поради снежната бура наречена „мини ѕвер од истокот“, а населението во северозападниот дел на Англија – во Јоркшир, Мидлендс, Лондон, е предупредено за „ризици по животот“ бидејќи се очекува дополнително влошување на времето.

Метеоролозите велат дека студениот бран доаѓа од Северното Море и дека во петокот наутро почнал да се шири во делови од Велс, при што донел температури од осум степени под нулата. Според извештаите, предупредувањата важат до утре кога се очекува пораст на температурата и намалување на ветрот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top