| четврток, 6 декември 2018 |

Вчера вечер откажан летот oд Франкфурт за Скопје – 180 луѓе останале заглавени во Германија

180 патници останале заглавени на аеродромот во Франкфурт-Хан. Летот кон Скопје со компанијата „Виз ер“ закажан за вчера вечер им бил одложен и никој не ги известил до кога треба да чекаат, јавува 24Вести.

Аеродромските власти таму им соопштиле дека треба сами да се снајдат за да слетаат во Македонија. Дел од нив ја исконтактираа нивната редакција и се пожалле дека немале пари во нив, за да фатат нов лет. На германскиот аеродром им кажале дека компанијата со која летале дополнително ќе им ги врати парите. Неколкумина веќе отпатувале до поблиските градови и резервирале карта до Софија.

– Се чекиравме и ја поминавме пасошката контрола и после три часа чекање не вратија назад. Јас земав карта од Келн за на 19-ти да се вратам во Скопје. Имаше слободни летови за наредната недела од други градови без организиран превоз. Едно дете патуваше од Луксембург, не знаеше јазик не знаеше за каде да земе карта, кажа дека нема пари во него, изјавил еден од патниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top