– Не можам да зборувам скопски, научив само гевгелиски, вели низ смеа Ник Лендер, дваесет и деветгодишниот Холанѓанец кој веќе една година живее на југот на нашата држава, меѓу своите пријатели од Гевгелија. Во денешно време кога младите од Македонија масовно заминуваат во европските земји, приказната на овој млад Холанѓанец, роден во Делфт на 16 април 1989, звучи речиси неверојатно, пишува Вечер.
– Живеев 28 години во Холандија. Немам роднини во Македонија и ми е жал. Сите роднини ми се од Холандија. Прашав за моето потекло, дали имам некакво македонско потекло, ама немам, вели Ник, објаснувајќи како всушност се случило да стаса во Македонија.
– Почнав на шест години да играм светски фолклор, меѓу тоа учев и македонски фолклор и се заљубив во македонски фолклор на мој 17 години. Пред 13 години мислам бев на еден фестивал за фолклор во Холандија. Една група од Македонија (КУД Негорци) настапуваа. Таму ја видов таа група шо свират и играт македонски фолклор. Многу ми беше интересно, ритам, носии, тапан и сакав да си купам од тие македонски чорапи и опинци од нив. Цело време бев кај нив, секој настап го гледав”… вели Ник и додава “Заљубен сум во македонски фолклор. Секој ден слушам македонски песни и ора…”.
– Потоа отидов за Македонија, да видам каква земја е, заедно со сестра, татко и мајка ми, во Охрид. Јас пишав на таа група од Негорци оти во Македонија стигнав и КУД “Негорци“ дојдеа во Охрид да ми кажат – Добредојдовте, елајте во Гевгелија да видиш како е таму. И од тогаш доаѓав на гости секоја година на одмор во Гевгелија и Богданци, ама и во Струга, Битола, Штип, Св. Николе… Игравме на фестивали низ Македонија со КУД “Негорци”. Многу години зборувам да дојдам во Македонија, да бидам Македонец. Овде имам многу другари и сакав да бидам со нив. Пред една година стигнав во Гевгелија, кај една добра фамилија (не мојта), бев една година на гости и од ваа година почнах сам да живеам”, објаснува Ник.
Целото интервју со Холанѓанецот Ник, може да го прочитате тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст