| четврток, 6 декември 2018 |

Силно невреме во Охрид – поплавени плажи и шеталиштето

Силно невреме со огромни бранови и голема јачина на ветер го зафати Охрид денеска.

Поплавени се плажи, шеталиштето, како и угостителските објекти покрај крајбрежјето. Невремето го урна и Мостот на желбите, пренесуваат локалните медиуми.

Пријавени се и повеќе штети на возила и инфраструктурата во градот и околината.

Во Пештани, пак, скршено дрво предизвика застој во сообраќајот на патниот правец Охрид – Св. Наум, а поради оштетена инсталација, има и прекин во снабдувањето со струја

Нивото на Охридското Езеро е над дозволениот максимален водостој уште од вчера, а силниот ветер денеска предизвика бранови повисоки и од два метри, информираат надлежните.

Нестабилното време се очекува да продолжи и утре, под влијание на циклонот Хектор.  Надлежните предупредуваат на поинтензивни врнежи од дожд, проследени со силен ветер и грмежи.

На социјалните мрежи се појавија повеќе видеа од невремето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top