| четврток, 6 декември 2018 |

Студен викенд пред нас – УХМР најавува ниски температури и снег

За оние кои се надеваа дека тмурното време ќе се задржи само викендов, следува разочарување.

Кон крајот на денот и во недела ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Но, ова не е сѐ. Времето ќе продолжи да изненадува и понатаму.

Засилен ветер, кој повремено ќе надминува 80 километри на час и ќе услови транспорт на песок и прашина од северните делови на Африка најавуваат метеоролозите за утре.

Дневните температури ќе бидат значително повисоки, на повеќе места ќе достигнат над 20 степени. Кон крајот на денот и во недела ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Потоа во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Во недела и понеделник на места врнежите ќе бидат пообилни.

Од среда се очекува позначително заладување со умерен северен ветер, а ќе има повремени врнежи од дожд и снег, освен во крајните југоисточни делови каде ќе бидат претежно од дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top