Германската канцеларка Ангела меркел ја отфрли можноста фудбалската репрезентација на Германија да го бојкотира Светското првенство во Русија за да искаже солидарност со Велика Британија.
Меркел истакна дека за одговорот на Европската Унија на труењето на поранешниот руски и британски шпион и неговата ќерка, за што Лондон ја обвинува Москва, најверојатно ќе се разговара на состанокот кој следната недела ќе се одржи во Брисел.
На прашањето какви мерки би можела ЕУ да преземе, Меркел изјави дека во овој момент не станува збор за бојкот на СП.
– Сега е најважно да се спроведе истрага за случајот, а можат само да се надевам дека Русија ќе се вклучи и ќе придонесе, истакна Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


