Собранието е важно да оди напред во својата агенда и да се фокусира на потребните реформи, кои сите партии рекоа дека ќе ги поддржат во насока на остварување на европските и евроатлантските интеграции на Македонија, нагласи Амбасадата на САД во Скопје, коментирајќи ги последните случувања во врска со Законот за јазциите.
Амбасадата потсетува дека премиерот Зоран Заев синоќа потврдил дека обврска и одговорност на Владата и на политичките лидери е да ги унапредуваат интересите на сите граѓани во земјата.
– Што се однесува до Законот за употреба на јазиците, заменикот премиер Османи, на почетокот на оваа недела, потврди во Брисел, дека Владата ќе го испрати Законот пред Венецијанската комисија за мислење и препораки, за да биде сигурна дека законот е во согласност со европските стандарди, објави Амбасадата на САД.
Амбасадата нагласува дека помошникот државен секретар Вес Мичел изјавил во вторникот, за време на неговата посета на Скопје, дека Македонија прави големи чекори во процесот на градење силна демократија.
– Земјата има можност да оствари напредок кон членството во ЕУ и во НАТО, што мнозинството од сите граѓани го поддржуваат, додава Амбасадата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


