Во делот на правосудните реформи, законот за судство, законот за Судски совет и другите закони кои се тема на преговорите, низ тие закони преку судските реформи ќе се реши трајно иднината на Специјалното јавно обвинителство, одговори Заев на на новинарско прашање за забелешките во вчерашниот извештај на СЈО дека од надлежните институции не се преземени конкретни мерки за да се реши правната положба на специјалното обвинителство.
Заев рече дека од работните групи кои работат на законот за заштитени сведоци, законот за следење на комуникациите и слични закони, добил информација дека или целосно усогласени или се при крај на усогласување.
– Убаво е тие закони да бидат изгласани и од власта и од опозицијата. Така ќе има посериозна гаранција за нивното почитување, не само правно-формално, тоа мора да биде така кога ќе се донесе законот, рече премиерот Заев на Форумот за владеење на правото во ЈИЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.