| четврток, 6 декември 2018 |

Алими не дојде на судењето на случајот „Титаник 3“


Координаторот на пратеничката група на ДУИ Ејуп Алими не дојде на судењето на случајот „Титаник 3“ поради службено отсуство. Неговиот бранител рече дека тој отпатувал во Тирана во посета на албанскиот Парламент.

Пратеникот заедно со секретарот на Општинската изборна комисија на Чаир, Исмет Гури е обвинет за уништување на изборен материјал во март 2013-та година за време на првиот круг од изборите за градоначалник.

Според обвинението двајцата преправиле над 30 записници за гласање, додавале и одземале гласови и ги потпишале преправените резултати.

Со одлука на ДИК гласањето било повторено. Ново рочиште е за закажано за 27-ми април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top