| четврток, 6 декември 2018 |

Адвокатите едногласни против измените на Законот за нотаријат

Адвокатската комора на Република Македонија (АКРМ) утре, написмено, ќе го добие барањето од голем број свои членови – адвокати од адвокатски заедници од повеќе градови, кои денеска на својот втор собир во рок од седум дена, кој се одржа во просториите на Правниот факултет во Скопје, одлучија Комората да ја извести Владата дека владините предлог-измени на Законот за нотаријат, за нив се неприфатливи од причини што истите не се ниту во насока на правната сигурност, ниту се за намалување на трошоците на граѓаните и фирмите.

Комората доби овластување да ја извести Владата на Македонија дека ако се стопира правната постапка на Предлог – законот и се слушнат и уважат барањата на адвокатите, нема да биде активирана правната блокада на целата држава. Односно, доколку Владата не го слушне и уважи барањето на адвокатите, тогаш тие ќе ја активираат резервната мерка и ќе стапат во штрајк.

Адвокатите како никогаш до сега не биле толку сплотени кон оваа нивна битка, која веруваат дека ќе ја добијат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top