| четврток, 6 декември 2018 |

Петар Поповски: За да имаме закон за јазиците, мора да се спроведе попис

– Пред да се означи законот за јазици како регресивен или прогресивен, потребна е една досадна, но многу прогресивна операција што ќе ги стави фактите на место: попис. Тие што ја спречуваат се дефинитвно регресивни, џабе сите други приказни, се огласи професор д-р Петар Поповски, Македонец кој работи на Универзитетот во Данска.
Поповски, пред две години, беше прогласен за еден од петте најуспешни истражувачи во Данска, при што наградата му беше врачена од страна на данската принцеза Мари. Важи за еден од најнадежните научници и работи на светски значајни проекти.


– Сметам дека зборувањето на повеќе јазици од мали нозе е богатство, и дека комуникацијата на повеќе јазици во едно општество е богатство на тоа општество. Но, сметам и дека знаењето е богатство, а пописот е знаење. Ние може колку сакаме да коментираме дека јазикот и пописот немаат врска, но факт е дека постои статистичка бројка над која одредена групација поминува критична маса со која ваквите барања стигнуваат на агенда и, во најпозитивен случај, доведуваат до поотворено општество. Но, таа статистичка бројка е клучна и мора да биде над некој праг; во спротивно ќе треба ист закон да се донесе за секој можен јазик. Јас само викам дека таа статистичка бројка треба точно да се утврди – напоменува Поповски на својот ФБ профил.
Глобално признатиот научник Петар Поповски во Куала Лумпур прими светско признание за развој на 5Г технологија, облечен во маичка со кратенката на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).Доделувањето беше во рамките на Интернационалната конференција за комуникации (ИКК 2016)..
– Точно е дека пописот ќе му даде валидност на законот. ама има еден друг аспект што е поважен – зошто досега не може да се спроведе? Кои се мотивите?, прашува
угледниот македонски научник од Охрид, кој, со својот гест – “маичката СЈО”, стана хит на социјалните мрежи, на кои е активен во заштитата на човековите права и осудата на негативните појави во македонското општество.(Ве потсетувам на неговите прилози во дебатата за екстерното за студентите).

извор: Охрид 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top