Македонскиот филм „Исцелител“ ќе биде прикажан на 25-тиот меѓународен филмски фестивал во Прага, „Фебиофест“. Тоа е најголемиот филмски фестивал во Чешка и втор по значење во земјата, по фестивалот во Карлови Вари. „Исцелител“ ќе се прикажува во програмата „Балканско ехо“ на 18-ти, 19-ти и 20-ти март.
„Фебиофест“ е основан во 1993 година. Започнал да се одржува во Прага во две мали кино сали, а за помалку од 10 години прераснал во фестивал со повеќе од 140 илјади гледачи и бројни проекции кои се одржуваат во 43 кино сали. По завршување на фестивалот во Прага, дел од филмовите во склоп на фестивалот се прикажуваат и во други градови. Фестивалот нуди широк спектар на современи, високо квалитетни филмови, но и ретроспективи на стари филмови.
Во изминатите 20 години гости на „Фебиофес“ биле Нани Морети, Гаспар Ное, Том Тиквер, Клод Ла Луш и други.
Оваа година на фестивалот ќе се прикажат повеќе од 160 долгометражни филмови во 15 категории. Во програмата „Балканско ехо“ заедно со „Исцелител“ се прикажуваат и други 9 филма, меѓу кои е и „Кога денот немаше име“ во режија на Теона Стругар Митевска.
„Исцелител“ во првата половина на месец март имаше прикажувања и на „Косморама“ во Норвешка, „Бергамо филм митинг“ во Италија и „Софија филм фест“ во Бугарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со „Исцелител“ на Ставрески денеска почнува неофицијалната програма на Киненова
-
ДФРМ: Филмот „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески е македонски кандидат за Оскар
-
„Исцелител“ освои награда од публиката на фестивал во Франција
-
По пауза од 13 години синоќа во Македонска Каменица имаше проекција: „Исцелител“ привлече бројна публика