Железничкиот сообраќај Велес – Гевгелија е воспоставен, кој беше во прекин поради одрон карпа. Од Железничката станица – Велес информираат дека со механизција на ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“ е отстранета карпата и големите парчиња и сообраќајот е воспоставен од 22 часот и 30 минути.
Товарниот и патничкиот сообраќај е во прекин од 13 март поради одрон на карпа во непосредна близина на Велес кај Долни Дуќани. Се уште е во прекин сообраќајот на регионалниот пат Велес- Градско поради одрони од карпи што се уште не се исчистени.
Како што информирал за МИА портпаролот на Општина Велес, Орце Николов, тие преземаат мерки да се осигура патот од понатамошно евентуално паѓање на нови карпи.
– И кога ќе се расчисти патот поради несигурниот терен од карпата Цуцката, постои можност за нови одрони и загрозување на учесниците и пешаците во овој дел од патот. Затоа сега се чека доаѓањето на Комисјата од Дирекцијата за заштита и спасување кои заедно со експерти од Градежниот факултет – отсек Геомеханика треба да направат геомеханички истражувања,бидејќи има опасност од нови свлекувања на карпата и нови одрони на карпи, појаснува Николов по дописот што го добила општина Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст