| четврток, 6 декември 2018 |

Авганистанско семејство прогонето поради синот наречен Доналд Трамп

Авганистанско семејство е прогонето од локалната заедница, бидејќи родителите синчето го нарекле Доналд Трамп, верувајќи дека тоа ќе им донесе среќа во животот, пренесуваат во четвртокот светските агенции.
Третото дете на Џамила и Саид Асадула, е родено во округот Шахристан, длабоко во централната авганистанска покраина Даикунди, на 3-ти септември 2016 година, во времето кога неговиот американски истоименик се подготвуваше за првата претседателска телевизиска дебатата по победата на републиканската конвенција.

Момченцето по име Доналд Трамп е родено во 2016 година во муслиманско семејство коешто својот трет син го нарекло по американскиот претседател Доналд Трамп. Родителите веруваат дека тоа на детето ќе му донесе среќа во животот, бидејќи првиот човек САД го сметаат за успешен бизнисмен.

Меѓутоа, давајќи му на синот немуслиманско име, го предизвикале гневот на остатокот од поширокото семејство коешто конкретниот избор на името го смета неприфатлив. Поради тоа ги изопштиле од заедницата и од локалната средина и ги принудиле да одат да живеат како потстанари во авганистанскта престолнина Кабук, пренесуваат медиумите.

Пред во јануари 2017 година да биде официјално именуван за американски претседател, Доналд Трамп заработи богатство во тргувањето со недвижнини. Изгради многу луксузни хотели, играчници, облакодери и голф терени ширум светот и тргуваше со недвижнини на њујоршки Менхетен. Американскиот магазин Forbes за 2016 година го вброи како 324-та најбогата личност во светот, или 113-та во САД, со богатсво проценето на повеќе од 4,5 милијарди долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top