Зијадин Села и Ферид Мухиќ гласале за законот за јазиците. Пратениците за „Макфакс“ изјавија дека на вчерашната седница го стиснале зеленото копче и дале глас за усвојување на законот. Нивните гласови не се избројани во 64-те гласа со кои се изгласа законот. Според стенограмот од гласањето, објавен на официјалната веб-страница на Собранието, Села со реден број 97 не гласал за законот, а исто и Мухиќ, кој е под реден број 82.
-Лага е дека не сум гласал за законот. Може да се види на снимката дека гласав, изјави Зијадин Села од „Алијансата за Албанците“.
Независниот пратеник Ферид Мухиќ најави дека на денешната седница ќе бара објаснување за гласањето.
-Јас гласав за законот за јазици, не знам зошто мојот глас не е евидентиран. Гласав и со кревање рака кога гласаа немнозинските заедници. Апсурдно е да се каже дека не сум гласал, а потоа сум гласал. Денес на пленарна седница ќе побарам да го објаснам ова, вели Мухиќ.
Законот за јазиците вчера попладне беше изгласан со 64 гласа „за“, ниту еден „против“ ниту „воздржан“. Во салата присутни беа 109 пратеници. Гласањето првин се одвиваше преку електронскиот систем на Собранието, но кога пратеникот Никола Груевски истури вода врз системот за гласање на претседателот Талат Џафери, пратениците од немнозинските заедници беа принудени да гласаат со кревање рака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст