Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието – матичното работно тело што го разгледуваше законот за употреба на јазиците, Артан Груби, го поздрави неговото вчерашно донесување.
Во соопштението, претседателот на Комисијата, Груби, изразува особено задоволство што законот за употреба на јазиците се донесе со 64 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ и ниту еден глас „воздржан“.
Во целокупната постапка при донесување на законот, на комисиската расправа, како и во прво, второ и во трето читање на законот на седница на Собранието, тој беше гласан и потврдуван без ниту еден глас „против“, се наведува во соопштението.
Претседателот на Комисијата за европски прашања додава дека со донесувањето на законот за употреба на јазиците се заокружил нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор, со што Македонија ќе стане посилна, постабилна, посигурна и покохезивна држава, која силно чекори кон ЕУ и НАТО.
Груби исто така потенцира дека она што до вчера било слабост, меѓуетничките односи, денес е најголем адут за Република Македонија.
– Сега е време да се посветиме целосно на преостанатите реформски закони, како и на решавање на спорот со нашиот јужен сосед за да ја интегрираме нашата држава целосно во НАТО и ЕУ, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст